Ципрас доби доверба во парламентот

Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас доби доверба во парламентот и вети дека ќе ја извади земјата од финансиска криза до 2019 година со спроведување на остри мерки за штедење. Неговата влада беше поддржана од 155 пратеници во парламентот кој има 300 пратенички места. Ципрас на 20 септември беше избран за нов четиригодишен мандат и покрај тоа што се откажа од критиките против острите мерки за штедење со кои победи на претходните избори во јануари годинава. Сега тој вети дека ќе ги спроведе сите потребни мерки за штедење и реформи што се усогласени со странските кредитори со цел да се добие финансиската помош од 86 милијарди евра.