Ванхауте: Преговорите се движат во вистинска насока

Белгискиот експерт и медијатор во преговорите меѓу работните групи на политичките партии Питер Ванхауте изјави дека е изнајдено решение за поголем број од спорните точки и направен е прогрес за Изборниот законик. Ванхауте оцени дека дискусијата е конструктивна и изрази надеж оти во догледно време ќе се постигне договор. Работната група е составена од претставници на четирите најголеми политички партии, амбасадорот на ЕУ Аиво Орав и посредникот Питер Ванхауте.