САД одбива соработка со Русија во Сирија

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер изјави дека САД не се согласиле воено да соработуваат со Русија во Сирија, бидејќи нејзината стратегија е „трагично погрешна.“ Зборувајќи денска во Рим, Картер ги обнови обвинувањата на САД дека воздушните напади на Русија не се насочени кон групата на Исламската држава, додавајќи дека тоа е „фундаментална грешка.“ Тој рече САД се подготвени да извршат основни дискусии со москва за пилот безбедност. Руското министерство за одбрана реагираше на критиките на Вашингтон, велејќи дека веруваат оти коалицијата предводена од САД против групатана ИД, не секогаш ги целела позициите на терористите. Воениот портпарол Игор Конашенков исто така беше цитиран како вели дека одбивањето на Вашингтон да споделува разузнавачки информации за позициите на милитантите на ИД, покажува дека САД „бараат причини да одбијат соработка во борбата против меѓународниот тероризам.“