Оланд предупреди од тотална војна во Сирија

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека неуспехот да се делува на Блискиот Исток е ризик да се поттикне „тотална војна.“ Оланд денска се обрати пред Европскиот Парламент во Стразбур заедно со германската канцеларка Ангела Меркел. „Ако оставиме верските судири да бидат уште поголеми, ајде да не мислиме дека ќе бидеме заштитени. Тоа ќе биде тотална војна, војна која може да ги опфати и нашите територии“, рече Оланд посочувајќи на зголемените судири меѓу сунитските Арапи и шиитите. „Тоа што се случува во Сирија ја засега и Европа, тоа што ќе се случи таму на долго време ќе го утврди балансот во регионот.“ „Во Сирија треба да се изгради политичка иднина со сите кои можат да придонесат, со што ќе му се даде на сирискиот народ алтернатива“ за претседателот Башар ал-Асад или за групата на Исламската држава, рече франсцускиот претседател.