Багдад може да побара руски воздушни напади против ИД во Ирак

Ирачки пратеник вели дека Багдад наскоро може да побара од Русија да бидат извршени воздушни напади против групата на Исламската држава во Ирак. „мислам дека во слените неколку денови или недели Ирак ќе биде принуден да побара од Русија да изврши воздушни напади и тоа ќе зависи од нивниот успех во Сирија“, изјави денеска во Багдад шефот на ирачкиот параламентарен Комитет за одбрана и безбедност, Хаким ал-Замили. Тој вели дека бараат Русија да има поголема улога во Ирак, додавајќи „дефинитивно поголема улога отколку што Американците имаат сега.