Ердоган: Русија да не го расипува пријателството со Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Едоган ја предупреди Русија дека ќе загуби многу доколку го расипе пријателството со Анкара и нагласи дека Турција нема да седи со скрстени раце ако и натаму руски борбени авиони го нарушуваат нејзиниот воздушен простор. „Нападите врз Турција значат напади врз НАТО“, рече денеска Ердоган на заедничка прес-конференција со белгискиот премиер во Брисел. „Нашите добри односи со Русија се познати. Но доколку Русија загуби пријател како Туција, со кого ќе соработува за многу прашања, таа ќе загуби многу и треба да биде свесна за тоа“, нагласи турскиот претседател.