Уапсени 23 претставници на забранетата партија во Таџикистан

Таџикистанските обвинители соопштија дека се уапсени 23 високи претставници на забранетата Исламистичка ренесансна партија на Таџикистан, многумина за сомненија за водење на смртоносниот бунт во септемврио, кој беше предводен од поранешниот заменик министер за одбрана. Канцеларијата на Обвинителството на Таџикистан денеска информираше дека кривичните истраги против претставниците на партијата се во тек, и тое се соочуваат со обвиненија за тероризам, поттикнување на расна и верска омраза и обид за преземање на власта со сила. Лидерот на партијата Мухидин Кабири се наоѓа во бегство надввор од Таџикистан. На 29 септември Врховниот суд во земјата пресуди дека партијата е трористичка организација и одлучи да ја забрани.