Ердоган: неопходна е победа врз тероризмот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на вчерашната посета на Брисел изјави дека Турција е подготвена да соработува со Европската унија за победа над терористите од групата Исламска држава, но и курдските сепаратисти. „Иднината на ЕУ не може да се замисли без Турција“, рече тој по разговорот со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, додавајќи дека членството на Турција во ЕУ останува стратешка цел на неговата држава. Турскиот претседател се заложи за воспоставување на зона на забранети летови над Сирија и создавање безбедни зони, како и за обука и вооружување на умерената опозиција на сирискиот режим. Туск ја критикуваше Русија поради инцидентот во турскиот воздушен простор, како и поради ангажирањето на авијацијата на страна на сирискиот претседател Башар ал Асад.