Собранието расправа за укинување на екстерното тестирање

Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог законот за измени на Законот за основно образование, поднесен од пратеничката група на опозициската СДСМ, која со него бара укинување на екстерното тестирање. Рената Десковска од СДСМ образложи дека бараат укинување затоа што тоа, како што рече, не го мери знаењето на учениците, а наставниците ги става во нееднаква положба. „Целта на екстерното тестирање е да се одземе сигурноста на работното место на наставниците, да се држат во постојана зависност и несигурност“, изјави Десковска на вчерашната расправа за овој предлог.