Повлекување оружје во Украина

Украинските владини сили и про-руските сепаратисти почнаа од линијата на фронтот да повлекуваат оружје со мал калибар. Синхронизираното повлекување започнало денеска во источниот регион Луганск, вклучително тенкови, противтенковски топови и минофрлачи, соопшти украинската армија. Информацијата ја потврдија и бунтовниците во Луганск и Доњецк. Оружјерто со калибар помал од 100 милиметри во следните 40 дена треба да биде повлечено на растојание од 15 километри. Повлекувањето е дел од договорот потпишан во февруари во Минс. Во конфликот кој трае од април 2014 година загинаа повеќе од 7.900 луѓе.