Владата во Белорусија блокирала неколку медиуми

Белоруските независни медиуми ја обвинија Владата за блокирање на нивни веб страници, на помалку од една недела пред одржувањето на претседателските избори. Неколку информативни сајтови тврдат дека биле нападнати откако објавувале стории за студенти кои биле принудувани да посетат јавна молитва на која присуствувал претседателот Александар Лукашенко и неговиот 12-годишен син. Повеќето медиуми во Белорусија се под директна или индиректна контрола на Владата. Изборите во земјата ќе се соржат на 11 октомври, а големи се очекувањата Лукашенко да биде реизбран. Тој е на власт од 1994 година.