НАТО отвора контраразузнавачки центар во Полска

НАТО наводно е подготвен до крајот на годинава да отвори контраразузнавачки центар во Полска. Портпаролот на полскиот министер за одбрана, полковник Јацек Сонта рече дека новиот центар ќе биде воспоставен во јужниот град Краков, со цел да бидат проширени разузнувачките капацитети и способности на Алијансата во соочувањето со заканите кои доааѓаат од исток и од југ. Соопштението доаѓа во услови кога односите меѓу Западот и Русија се на многу ниско ниво. Русија потегот го нарече „хранење на вештачки создадена атмосфера на конфронтација.“