Ерменскиот Парламент гласаше за промена на Уставот

Ерменскиот Парламент гласаше да се одржи референдум за промена на Уставот со цел да биде воспоставена парламентарна република. На денешното гласање, 103 пратеници глсаа за реформата, десет беа против, а тројца воздржани. Според предложените измени, претседателските овластувања ќе бидат префрлени на Парламентот, а претседателот нема повеќе да биде избиран преку директно гласање на народот, туку од страна на Парламентот. Претседателскиот мандат исто така е предвидено да биде продолжен од пет на седум години. Претседателот Серж Саркисијан, чии втор мандат завршува во 2018 година, треба оваа година да го одреди датумут за референдумот. Стотици опозициски активисти неколку дена протестираат против уставните измени, а полицијата денеска уапси неколку демонстранти.