Еш Картер: Русија спроведува губитничка стратегија во Сирија

Американскиот секретад за одбрана Еш Картер изјави дека Русија спроведува „губитничка стратегија“ во Сирија. Тој денеска во Мадрид рече дека Русија придонесува за ескалација на граѓанската војна во Сирија и оти се надева дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе одлучи да се спротивстави на заканите на групата на Исламската држава, наместо да продложи со едностраните воздушни напади против опозициските бунтовници.“ Русија кампањата ја започна на 30 септември, како што тврди против групата на Исламската држава. Но, САД и неколку други земји и меѓународни групи за мониторинг велат дека руските авиони гаѓаат други бунтовнички групи за да му помогнат на претседателот Башар ал-Асад. Картер е на петдневна посета во Европа за да разговара со претставниците на коалицијата предводена од САД, кои спроведуваат напади против групата на ИД во Сирија и Ирак.