Доделена Нобеловата награда за медицина

Нобеловата награда за медицина за 2015 година им е доделена на Вилјам Кембел, Сатоши Омура и на Ту Јују, за нивната работа против паразитски заболувања. Во денешното соопштение на Собраниието на нобеловиот институт Каролинка во Стокхолм се вели дека „оваа година нобеловците развиле терапии кои го револуционаризирале лекувањето на некои од најкатастрофалните паразитски болести.“ Ирецот Кембел и Јапонецот Омура се наградени за нивната работа во однос на инфекции од паразити, а Кинезијанката Ту за нова терапија против маларија. Добитниците ќе поделат награда од 960 илјади долари. Добитниците за наука, литература и за мир ќе бидат објавени оваа недела. Нобеловата награда прв пат беше доделена во 1901 година, согласно волјата на шведскиот хемичар и производител на оружје Алфред Нобел.