Протест против руска воена база во Белорусија

Стотици луѓе се собраа во белорускиот главен град Минск на протест против нова руска воздухопловна база во Белорусија. Поранешниот претседателски кандидат Микалај Статкевич изјави дека главна цел на базата ќе биде Украина со што Белорусија ќе стане цел и на Украина и на НАТО. Русија има две воени бази во Белорусија, радарска станица и подморнички комуникациски центар. Сепак, планираната база ќе биде прв комплетно опремен руски воен центар во Белорусија по распадот на Советскиот сојуз.