Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено во источните делови во земјата. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервал од 19 до 25 степени. Во Скопје утре ќе преовладува променливо облачно време. Кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи до 11 степени, а дневната до 24.