Нерегуларности на гласањето во Киргистан

Парламентарните избори во Киргистан

Излезноста на гласањето во Киргистан до 12 часот по локално време е 20 проценти, според податоците на изборната комисија. Четиринаесет партии и повеќе од 2000 кандидати се борат за место во законодавниот дом. Киргистанскиот сервис на Радио Слободна Европа јави за масовни нерегуларности на гласањето. Студенти биле носени од нивните професори на гласање, а во некои места гласачите биле превезувани и со автобуси. На некои од гласачите им биле понудувани и пари, а други се жалеле дека ги нема на избирачкиот список.