Формирана нова партија „Унитети“

Macedonia - Macedonia votes for new president, parliament, 27 April 2014

Поранешниот генерален секретар на ДУИ, Гзим Острени денеска изјави дека започнала постапката за регистрирање на партијата „Унитети“ односно Единство. Тој порача дека албанските партии станале вазали на ВМРО ДПМНЕ. Според него, партијата ќе претставуваат нова алтернатива за демократскиот развој на Македонија и тие ќе се заложат за обезбедување на достоинството, правата и слободите на сите граѓани.