Обама не се согласува со Русија за Сирија

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама не ги прифати ставовите на Русија за четиригодишната криза во Сирија, изјавувајќи дека не сите кои се против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад се терористи, како што тврди Кремљ. Тој говорејќи на прес конференција во Вашингтон порача оти пристапот на Русија кон Сирија е рецепт за катастрофа.

Според него, сојузништвото на Русија со Асад и Иран ја направило земјата непријател во очите на многу Сиријци. Тој смета дека руските воздушни напади ги напаѓале и опозициските борци наместо да се фокусираат само на милитантите од Исламската држава.