ОН изрази загриженост за забранетата партија во Душанбе

Обединетите Нации изразија загриженост за ризикот од зголемено кршење на човековите права во Таџикистан, по неодамнешната одлука на Душанбе да ја забрани Исламистичката преродбеничка партија на Таџикистан. Канцеларијата за човекови права на ОН укажа на апсењето и притворањето на десетина членови на партија минатиот месец, и потоа пресудата на Врховниот суд во Таџикистан да ја забрани партијата, како „екстремистичка и терористичка организација.“