Груевски во ОН: Едно прашање стои на патот на трајната стабилизација

Главната стратегиска и надворешно-политичка цел на Република Македонија останува нашето членство во ЕУ и НАТО, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. „Сите реформи преземени во земјата се во согласност со таа цел. Сите внатрешно-политички проблеми се решаваат во тој дух. Сепак, без оглед на внатрешно-политичките предизвици со кои се соочуваме, дозволете ми да подвлечам дека не треба да има препрека на нашиот пат кон евро-атлантската заедница на нации, наглaси македoнскиот премиер. Едно нерешено прашање, посочи, кое, за жал, стои на патот на трајна стабилизација на нашиот регион, и директно влијае врз мојата земја и сѐ уште стои во агендата на ОН, за жал, е разликата со Грција околу името на мојата земја.