Петти ден антивладини протести во Подгорица

Петти ден траат антивладините протести на Демократскиот фронт (ДФ), чии лидери и бројни приврзаници во шатори на Булеварот „Свети Петар Цетињски“ и во блискиот парк во Подгорица чекаат исполнување на барањата од премиерот, претседателот на државата и претседателот на Парламентот. Пред црногорскиот Парламент има над 500 шатори во кои се сместени камперите-демонстранти, кои бараат смена на Владата на Мило Ѓукановиќ, формирање на нова, преодна влада и распишување на фер и демократски избори во Црна Гора. Тие бараат и целосна имплементација на изборното законодавство, електронска идентификација на гласачите, прочистен избирачки список, контрола на сите државни ресурси и на безбедносните служби, како и рамноправен третман од Јавниот сервис.