Санадер ќе биде ослободен со кауција

Судскиот совет на Врховниот суд на Хрватска ја укина неправосудната првостепена пресуда за поранешниот премиер и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Иво Санадер, за корупцискиот скандал со „случајот Фими медиа“ и одреди кауција за негови излегување од притвор, јави ХРТ. Санадер е во затворот Реметинец врз основа на пресудата за „Фими медиа“, односно во така наречен облигаторен притвор, кој во согласност со законот може да им се одреди на сторителите на кои им е изречена неправосилна затворска казна поголема од пет години. Врховниот суд вчера ја заврши тридневната седница на која се расправаше за жалбите во најголемата корупциска афера во хрватската политика - „случајот Фими медиа“, во која покрај Санадер за извлекување на пари од државните институции и фирми неправосилно е осудена и неговата поранешна партија ХДЗ.