Јолевски на разговори во Пентагон

Интеграција во НАТО, реформски процеси во одбраната, билатерална соработка и ангажман во мировни операции предводени од Алијансата и Обединетите Нации, биле темите на кои во Пентагон разговарале делегации од Министерството за одбрана и од американскиот Департман за одбрана, предводени од министерот Зоран Јолевски и Евелин Фаркаш, заменик - помошник на Секретарот за одбрана за Русија, Украина и Евроазија.

Министерот Јолевски, соопшти денеска Министерството за одбрана, на средбата посочил дека стратегиски приоритет на Република Македонија е полноправното членство во Алијансата.

Заменик-помошникот на Секретарот за одбрана, Фаркаш уште еднаш ја потврди недвосмислената поддршка за Македонија кон достигнувањето на нејзината цел – членство во НАТО.