Убиени 12 деца-војници во француските воздушни напади во Сирија

Сириски активисти велат дека во првите воздушни напади на Франција против групата на Исламската држава во Сирија, убиени се најмалку 30 луѓе, вклучително 12 деца-војници. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека околу 20 милитанти биле повредени при нападите врз камп на ИД на 27 септември во источна Сирија. Франсцускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека шест авиони го уништиле кампот и оти во следните денови би можело да одржат нови напади. Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, рече дека е погоден „стратешки центар“ за милитантите кои патуваат меѓу Сирија и Ирак. Тој додаде дека Франција има докази дека странски борци биле тренирани во камповите во Сирија за да вршат напади во Европа.