Специјалната обвинителка предложи тим од 14 обвинители

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска до Советот на јавни обвинители достави предлог за тим од 14 обвинители, кои треба да работат на случаите кои произлегуваат од прислушуваните разговори. За нејзини помошници таа ги претстави Артан Ајро, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стевчо Дончев, Трајче Пеливанов и Фатим Ефетаи. Таа изјави дека бројката од 14 обвинители е неопходна за исполнување на обврските на специјалното јавно обвинителство. Таа додаде дека се работи за истакнати професионалци кои уживаат доверба и висока репутација.