Казнети тројца опозициски лидери во Минск

Судот во Минск казни тројца опозициски лидери за одржување на недозволени митинзи. Централниот окружен суд денеска му изрече казна од 500 долари на поранешниот претседателски кандидат Микалај Статкевич за одржување на неовласн митинг на 16 септември во центарот на Минск. Статкевич кој на 22 август беше ослободен од затвор по отслужувањето на четири и пол години поради протестирање за изборните резултати во 2010 година, претходно од истиот суд му беше изречена казна од 400 долари за одржување на неовластен митинг на 10 септември во Минск. Уште еден поранешниот претседателски кандидат е казнет со 300 долари казна, како и лидер на опозицијата со 400 долари за истите обвиненија.