Китаровиќ: Хрватска треба да ја контролира границата

Хрватска не треба да ги затвора граничните премини, туку цврсто да ја контролира границата меѓу тие премини, бидејќи мора да се знае кој и зошто влегува во земјата, смета хрватската претседателка Колинда-Грабар Китаровиќ. Китаровиќ, исто така, нагласи дека Хрватска нема капацитети за згрижување на бегалците и дека Брисел за тоа треба да помогне. Додека проблемот предизвикан од бегалската криза не може да се реши од корен, треба да се обезбедат услови за бегалците во државите како Турција или Либан, нагласи Китаровиќ во Њујорк. „Очигледно дека ситуацијата се влошува, бидејќи многу држави, кои ги привлекуваат бегалците, јасно кажуваат дека нема да примаат економски мигранти“, истакна хрватската претседателка на обраќањето на Генералното собрание на ОН.