Обама повика на глобална борба против ИД

Американскиот претседател Барак Обама повика на обновување на напорите за да се запре радикалните мрежите кои привлекуваат регрути да и се приклучат на групата на Исламската држава. Обама на самитот предводен од САД рече дека е убеден дека групата на Исламската држава на крајот ќе биде победена, но дека за тоа ќе биде потребно време. На самитот кој беше одржан на маргините на Генералнотот собрание на ОН, беа присутни десетици странски лидери и дипломати.