Обама и Зариф се ракувале во ОН

Ирански и американски претставници велат дека председателот Барак Обама и минитерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф се ракувале на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Случајниот вчерашен настан претставува прво ракување меѓу американски претседател и висок ирански дипломат од Револуцијата во Иран во 1979 година. Ројтерс цитира неидентификуван претставник како вели дека „ништо не било планирано и оти се се случило во неколку секунди и тие се поздравиле.“ Иранската државна новинска агенција цитира неименуван дипломатски претставник како вели дека Зариф „случајно“ сдошол кон Обама и оти двајцата се ракувале. Неименуван претставник на Белата куќа потврдил велејќи дека „дека имало кратка интеракција за време на ручекот и оти двајцата се ракувале.“