Започна судење против двајца руски војници во Украина

Судот во Киев почна прелиминарни сослушувања против двајца наводно руски војници, уапсени во источна Украина. Александар Александров и Евгениј Ерофејев денеска беа изведени пред Окружниот суд Холосив. Тие ги негираат обвиненијата за тероризам. Обвинителите побараа доживотни казни затвор, а сослушувањата беа одложени. Во видео снимка објавена во мај, Александров и Ерофејев велат дека биле во активна служба со руската армија во источна Украина, кога беа заробени на 16 мај. Москва соопшти дека Александров и Ерофејев дека не биле вработени од државата кога биле заробени.