Контранапад на авганистанските сили во Кундуз

Авганистанските безбедносни сили започнаа операција за враќање на главниот град на северната провинција Кундуз, откако вчера беше освоен од Талибанците. Претседателот Ашраф Гани денеска изјави дека безбедносните сили ја враќаат контролата врз владините згради, додавајќи дека во градот пристига засилувањe, вклучително специјални единици и командоси. Министерството за одбрана соопшти дека од Tалибанците повторно го презеле затворот во градот и провинциската полициска станица. Во меѓувреме портпаролот на НАТО изјави дека воени авиони на САД гаѓале талибански позиции, за да се „елиминира заканата за коалицијата и авганистанските безбедносни сили.“ Војници и функционери вчера се повлекоа од аеродрмот во Кундуз по неколкучасовни борби против Талибанците.