Времето денеска променливо облачно

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во северните делови со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарјето повремено ќе засилува.

Утринската температура се движи од девет до 14, а дневната ќе биде од 14 до 21 степен.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северен ветер кој повремено ќе засилува. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

До утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и релативно свежо. Ќе дува и слаб до умерен северен ветер. Потоа ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а дневните температури полека ќе се покачуваат.