Времето денеска променливо облачно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дуваумерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура е во интервал од 9 до 14, а дневната ќе биде од 17 до 24 степени. Во Скопје утринската температура е околу 11, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во наредните денови во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но ќе биде релативно студено за овој период од годината.

До среда се очекува да дува умерен, наместа засилен северен и северозападен ветер. Од четврток ветерот ќе го промени правецот од југоисток, а температурата на воздухот ќе има тенденција на постепен пораст. Од среда кон крајот на денот ќе има услови и за локален краткотраен дожд.