Уапсен Македонец во Босна

Во Босна е приведен македонски државјанин возач на камион, јавуваат локалните медиуми. Возачот бил запрен од полиција во областа Брчко, во неговиот камион биле пронајдени тројца авганистански мигранти. Босанскиот полициски портпарол соопшти дека мигрантите биле хоспитализирани поради изнемоштеност. Босна засега не е важна алка на балканскиот пат на бегалците, но по затворањето на Унгарија и тензиите на хрватско-српската граница се очекува дека е можно да се развие и босански крак на патот кој пренесува бегалци од Турција преку Балканот до земји од Шенген зоната.