Бан Ки Мун: Унгарија да ги почитува правата на мигрантите

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун побара денеска од Унгарија да ги почитува човековите права на бегалците. Тој во Њујорк се сретна со претседателот на Унгарија Јанош Адер на маргините на самитот на ОН за развој, се наведува во соопштение на светската организација.

Бан наведе дека ги „разбира предизвиците со кои се соочува Унгарија“, но и ја истакна “важноста на почитување на достоинството и човековите права“.

Земјите-членки на ЕУ ја обвинуваат Унгарија дека на несоодветен начин го решава големиот прилив на бегалци кои доаѓаат од Србија и минуваат низ Унгарија на пат кон Западна Европа.