Груевски му додели Орден на Буш

Премиерот Никола Груевски ми го врачи Орденот на Република Македонија на Џорџ Буш, 43-тиот претседател на Соединетите Американски Држави на гала вечера при неговата посета на САД. Во соопштението на владината прес служба е наведено дека причината за тоа е големиот придонес на поранешниот американски претседател Буш во градењето на пријателските односи помеѓу Република Македонија и САД.

Признавањето на Македонија под уставното име од страна на САД и личната поддршка која ја дадовте во текот на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година ќе останат врежани во македонската колективна меморија, истакна Груевски при врачувањето на Орденот .

Тој додаде дека САД претставуваат важен стратешки партнер за реализација на приоритетите од надворешната политика на Македонија.