Давутоглу: Турција ги елиминираше терористичките закани

Turkey -- Turkish Prime Minister Ahmet Davutoglu speaks during a press conference in Ankara, September 7, 2015

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој е во посета на Њујорк, изјави дека терористичките закани против Турција во голем степен се елиминирани по успешните антитерористички операции. Тој додаде дека при успешните операции биле елиминирани заканите, кои произлегуваат од терористичките групи - Исламска држава, ПКК и Револуционерната партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С). Давитоглу посочи дека биле уништени засолништа, складишта со муниција и оружје и централи на ПКК во Северен Ирак, неутрализирани се елементи на Исламска држава во Сирија, кои претставуваат закана за Турција. Целта на акциите е подобрување безбедносната состојба во земјата пред престојните парламентарни избори на 1 ноември, изјави турскиот премиер.