Претседателот на ФИФА Блатер под кривична истрага

Претседателот на ФИФА, Јозеф Блатер е под кривична истрага поради сомненија за криминални малверзации и незаконско присвојување, соопшти канцеларијата на обвинителите во Швајцарија. Според соопштението, Блатер бил сослушуван по состанокот на Извршниот комитет на ФИФА во Цирих, а истрага е направена и во седиштетот на ФИФА каде биле запленети документи. Веста за истрагата беше објавена само неколку минути откако ФИФА ја откажа најавената прес-конференција со Блатер.