Путин: титулата цар не ми одговара

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американците не би требало да размислуваат за него како за автократски цар. Тој ова го рече во интервју за „Си Би Ес њуз“ пред неговото заминување за Њујорк на годинашната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Запрашан на што најмногу им се восхитува на Соединетите држави, Путин одговори дека тоа е „креативноста“.„Нивната отвореност која им дозволува да го ослободат внатрешниот потенцијал на нивниот народ. И благодарение на тоа, Америка има такви прекрасни резултати во напредокот на земјата“, рече Путин.