САД би можело да соработуваат со Русија во Сирија

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер изјави дека Соединетите држави се загрижени дека Русија би можело да ги нападне умерените сириски бунтовници кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад. „Доколку Русија се бори против милитантите на Исламската држава во Сирија, а не против непријателите на Асад, тогаш Соединетите држави и Русија би можело да соработуваат“, изјави тој. Според него, иако Вашингтон и Москва ја делат истата желба за истерување на ИД од Сирија, Соединетите држави ја продолжуваат поддршката на Украина и ги осудуваат руските акции во таа земја.