Украинската криза ги зголеми шансите Црна Гора да влезе во НАТО

„Руските акции во Украина ги зголемија шансите на Црна Гора да биде поканета во НАТО на самитот на Алијансата во идната година во Варшава“. Ова го изјави полскиот министер за одбрана Томаш Сјемонијак, додавајќи дека за прв пат немало никакво противење од ниту една земја членка за приемот на Црна Гора на самитот што е планиран за 8 и 9 јули дината година. „Оставањето наЦрна Гора во геополитички вакуум може да предизвика нарушување на ситуацијата во тој регион. Сите сфатија дека експанзијата на НАТО не е само прашање на подготвеноста на некоја земја за членство, туку исто така и геополитичка одлука“, изјави тој.