Вучиќ очекува брзо решавање на спорот со Хрватска

Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа изрази уверување дека во следните неколку дена ќе биде решен спорот со Хрватска. Тој за РТС изјави дека решавањето напроблемот околу затворените граници не зависи од Белград. „Баравме да дозволат минување на камиони, а не станува збор само за наши камиони. Потоа уште еднаш го одложивме применувањето на нашите мерки, но моравме да ја заштитиме нашата земја, бидејќи во спротивно ќе покажевме дека државата Србија не постои“, објасни Вучиќ.