Израелско-руски тим за координација на силите во Сирија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелско-рускиот тим за координација кој ќе работи на спречување на случајно разменување на оган меѓу земјите во Сирија, на 5 октомври ќе го одржи својот прв состанок, објавува израелски воен офицер. Зборувајќи анонимно офицерот рекол дека тимовите на чело со замениците на началниците на армиите ќе разговараат за коордирање на нивните воздушни, поморски и електромагнетни операции низ Сирија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 21 септември изјави дека двете земји се согласиле за механизам за спречување на „недоразбирања“ меѓу нивните воени сили во Сирија. Израел наводно е загрижен дека руското вклучување во борбата против исламските бунтувници би можело да резултира до случајно разменување на оган меѓу двете сили.