Папата Франциско го осуди религиозниот екстремизам

Папата Франциско го осуди религиозниот екстремизам за време на неговото прво обраќање пред американскиот Конгрес. Тој рече дека „ниту една религија не е имуна на форми на индивидуална заблуда или идеолошки екстремизам.“ Тој исто така повика на претпазливост на секој вид фундаментализам. 78-годишниот папа предупреди дека мора да се постигне „деликатна рамнотежа“ меѓу борците екстремисти и зачувувањето на верските слободи. Ова е прв говор пред Конгресот на САД на било кој папа. Исто така папата Франциско на 25 септември ќе се обрати прег Генералното собраните на Обединетите Нации во Њујорк.