Ескалира граничниот спор меѓу Хрватска и Србија

Хрватска стави забрана автомобили од Србија да влегуваат во земјата, еден ден откако Србија забрани хрватски товарни возила да ја минуваат границата. Денешната забрана објавена од Хрватска е последната меѓу двете земји поради големиот проток на бегалци кои минуваат низ двете земји на нивниот пат кон Европската унија. Србија ја воведе мерката откако Хрватска ги затвори сите гранични премини со Србија, освен еден. Хрватска соопшти дека нема да ја прекине блокадата на повеќето гранични премини, се додека Србија не почне да ги пренасочува мигрантите кон Унгарија. Но, Унгарија во голема мера во голема мера ја затвори границата со Србија и сега ја затвора и границата со Хрватска, откако илјадници мигранти оттаму поминаа.