На Лезбос пристигнале околу 1200 бегалци

На грчкиот остров Лезбос денеска за помалку од еден час пристигнаа околу 1.200 бегалци, јавуваат западни медиуми. Од Турција во рок од 45 минути пристигнале 24 бродови, а на секој имало по околу 50 луѓе. Најмалку 2.500 луѓе, најголем дел бегалци од Авганистан и Сирија, пристигнаа вчера на Лезбос.