Папата повика на акција околу климатските промени

На првиот ден од неговата посета на Соединетите држави Папата Франциско повика на натамошна акција околу климатските промени. Тој пред 11 илјади луѓе пред Белата куќа изјави дека проблемот не треба да им биде оставен на идните генерации. Папата го пофали американскиот претседател Барак Обама за тоа што се фокусира врз прашањето за зачувување на животната средина. Поглаварот на Римокатоличката црква денеска ќе има обраќање во американскиот Конгрес пред да замине за Њујорк на 70 годишнината од формирањето на Обединетите нации.