Албанија екстрадира осомничен исламист во Италија

Албанските власти соопштија дека деновиве екстрадирале во Италија албански државјанин обвинет за регрутирање борци за милитантната група Исламска држава во Сирија. Во полицското соопштение се наведува дека станува збор за 40 годишниот Баки Чоку, кој по барање на Италија бил уапсен во јули годинава. Тој бил дел од мрежата заедно со неговиот роднина Алдо Кобузи кој посетувал исламистички тренинг центар во Ирак, како и неговата сопруга Марија Џулија Серџо која ја прифатила исламската вера.